Јозеф Бауер

роден во 1934 година во Велс, Австрија; починал во 2022 година во Линц, Австрија

ВРЕМЕ (Предмети од серијата А), 1990

Предмет направен од дрво, табла од влакна со средна густина и боја, во 2 дела

59 × 120 × 2 см (вкупно)

ЕВН аквизиција 2014

Инв. бр. 0279ab

Буквата „Z“ е сместена на почетокот и од левата страна. Нејзината црна, горна хоризонтална црта е издолжена надолу под остар агол. Некој би можел да види број 7, но таа има прилично необичен продолжеток. Долната црта е насочена надесно по права линија, во строга паралела со нејзината горна „сестра“, но значително подолга од она што го налага дизајнот на буквата. Изгледа како, пристигнувајќи на дното, Z-то да забрзува. Во исто време, на крајот од својата патека, може да се види вертикалната црта на превртена, втора буква Т, падната под агол од 90 степени. Без тешкотии, во кратенката може да го прочитаме зборот „време“ (гер. - Zeit). Способноста за лесно декодирање на кратенките е една од идиосинкразиите на човечката способност за читање. Самогласките што се изоставени полесно се заменуваат. Двете согласки ги контурираат надворешните агли како слика, давајќи структура, како и изминат временски период. Јозеф Бауер го користи овој ефект. Тој е уметник кој во своето творештво ја отвора темата за самореференцијалноста во јазикот. Изразот „писмо-слика“ ја опишува биполарноста со која може да се сретнат предметите. Тие активираат ефект на загатка, одлука дали во формацијата е видлив збор или ѕидна скулптура. Невозможно е да се видат и двете истовремено – ѕидниот предмет и како слика и како збор, иако второто е во исто време и развлечено (преку должината на неговата почетна буква) и скратено (преку отсуството на самогласки).

Текст: Томас Д. Трамер, 2015
Превод: Вирџинија Деленбау
назад