Николас Жасмин
роден во 1967 година во Тулуз, Франција; живее во Виена, Австрија




Без наслов (ИЛУЗИИ) НАДВОР ОД ИНДЕКСОТ (Р.С.), 2018
мешана техника (ласерски исечени букви) на зебло
33 × 21 см
ЕВН аквизиција 2019
Инв. бр. 0380
Без наслов (ТУКА/ВИЕ) НАДВОР ОД ИНДЕКСОТ (Р.С.), 2018
мешана техника (ласерски исечени букви) на зебло
33 × 21 см
ЕВН аквизиција 2019
Инв. бр. 0381
Без наслов (MIRROR) OUT OF THE INDEX (R.S.), 2018
мешана техника (ласерски исечени букви) на зебло
33 × 21 см
ЕВН аквизиција 2019
Инв. бр. 0382
Без наслов (БЕЗ/КАКТУС) НАДВОР ОД ИНДЕКСОТ (Р.С.), 2018
мешана техника (ласерски исечени букви) на зебло
33 × 21 см
ЕВН аквизиција 2019
Инв. бр. 0383
Постоеше период во кој уметникот Николас Жасмин настапуваше под псевдонимот N.I.C.J.O.B., впечатливо лого како она што е вообичаено кај диџеите. Делата создадени помеѓу 1996 и 2006 година всушност имаа многу заедничко со техниката на кроење семплови. Тое беа филмски и видео дела за кои Жасмин користел пронајден снимки како материјал, манипулирајќи ги и мешајќи ги во нови секвенци на слики. Во 1994 година, Николас Жасмин почнал да работи за Валтер Обхолцер, најважниот претставник на концептуалното сликарство во Австрија. Двајцата уметници ги обединувало не само нивното сфаќање на сликарството како систем на рефлексија и мисла, туку и по општиот интерес за прашањата и проблемите на медиумот. До прераната смрт на Обхолцер во 2008 година, Жасмин, најверојатно од почит и колегијалност, го избегнувал користењето на оваа уметничка форма во сопственото творештво. Во 2011 година, тој продолжил со сликарството, а во 2019 година, со изложбата „Никола Жасмин и други трудови“ во Белведере 21, насликал многу лично резиме. Четирите слики во збирката на „ЕВН“ припаѓаат на обемната група дела „Слики на список на песни“ (анг. - Track List Paintings) (2018). Со нив, Николас Жасмин го следи историскиот концепт на т.н. Сликарска догма: мали вертикални формати, наизменични промени на фигурата и основата, точки што исчезнуваат во горниот дел од сликата. Новите дополнувања вклучуваат експерименти со ласерска технологија - процес на супстракција, наспроти адитивниот принцип на нанесување боја. Со големи букви во црна боја, на јута се врежани изведувачите, насловите на песните и времетраењето на песните од две нумери: ехо на иконскиот винилски сингл. Читајќи го вертикалниот аранжман на текстот хоризонтално од лево кон десно, насловите се претвораат во јапонски хаику поеми, како што се „Човекот со роса во утринско огледало“ (анг. - Morning Mirror Dew Man) или „Благодарниот капетан мртво говедско срце“ (анг. - The Grateful Captain Dead Beefheart). Делата се дел од серијата „НАДВОР ОД ИНДЕКСОТ (Р.С.)“ OUT OF THE INDEX (R.S.) и се засноваат на колекцијата плочи на легендарниот ленд-арт уметник Роберт Смитсон. Уметничкиот критичар Валентин Татрански го создаде индексот кратко по смртта на Смитсон. Компилацијата на Жасмин може да биде, од една страна, индивидуална листа на најдобри песни, или, од друга страна, возбудлив ремикс на џубоксот на Смитсон, кој се движи од Едгар Варез до Марлен Дитрих, од Френк Синатра до „Велвет андрегроунд“.
Денес, Николас Жасмин ја опишува таа деценија како „заобиколен пат“, кој тргнува од сликарството и се движи кон него. Уште во 1989 година, додека студирал кај Арнулф Рајнер на Виенската академија за ликовни уметности, тој си наметнал збир правила - Сликарската догма. Правилата, меѓу другото, ја пропишувале јутата како основа за сликање и забранувале сликање што ја исполнува целата површина на форматот.читај повеќе
Брижит Хак, 2021
Превод: Вирџинија Деленбау