Атила Чорго

роден во 1965 година во Будимпешта, Унгарија; живее во Варшава, Полска

Проектот „Вртлог“, 1995

алуминиумски сад, електричен мотор и моторно масло

57 × 57 × 60 см

ЕВН аквизиција 1998

Инв. бр. 0050

Скулптурата “Вртлог“ (ориг. - Maelström) нема фиксна форма. Како и атракциите во забавен парк, таа оживува само кога ќе се притисне копчето и ќе се пушти во работа. Атила Чорго е мајстор со склоност кон физички парадокси и оптички илузии, некој кој бара неверојатни и неверојатно едноставни демонстрации и илузионистички слики. Во проектот “Вртлог“, моторното масло се става во ротација со помош на мотор кој истовремено служи и како основа за алуминиумски сад во којшто стои маслото. Тешката, црна, сјајна течност формира рефлектирачка површина што се свива сè повеќе и повеќе навнатре, како параболично огледало. Од моментот кога моторот ќе се вклучи, па сé додека не ја достигне својата максимална брзина, кривата континуирано се менува, шупливиот простор добива на длабочина. Поради континуираната промена на пропорциите, рефлексијата на просторијата претрпува драстична промена.

читај повеќе

Насловот на интерактивната и променлива скулптура е изведен од хорор-расказ на Едгар Алан По. Во „Пропаѓање во вртлогот“ е опишан џиновски вртлог што вшмукува сè во своите длабочини. По замислил „мазен, сјаен и црн како катран ѕид од вода, наклонет кон хоризонтот под агол од околу четириесет и пет степени, кој вртоглаво се движи во круг“. Атила Чорго конструирал серија експерименти кои покажуваат со кои едноставни физички средства може да се создаде состојба што води во зона на фантастична трансформација. Ако човек се вгледа во постојано забрзувачкото, ротирачко огледало од масло, тогаш може да биде фатен во состојба на сетилна дестабилизација – макар и само на неколку моменти.

Текст: Волфганг Кос, 2005
Превод: Тим Шарп

назад