Жан-Паскал Флавиен

роден во 1971 година во Ле Ман, Франција; живее во Берлин, Германија

Еден ден пред друг ден, март 2005, 2005

црвена креда на хартија

38,8 × 45,5 × 3 см (во рамка)

ЕВН аквизиција 2007

Инв. бр. 0167

Без ниво, март 2005, 2005

црвена креда на хартија

38,8 × 45,5 × 3 см (во рамка)

ЕВН аквизиција 2007

Инв. бр. 0168

Црвен моравец, јуни 2004, 2004

црвена креда на хартија

38,8 × 45,5 × 3 см (во рамка)

ЕВН аквизиција 2007

Инв. бр. 0169

Неспорниот сигнален ефект на црвената боја е исто така фасцинантен елемент во цртежите на Жан-Паскал Флавиен. Не би било доволно да се гледаат само како обични студии за неговите инсталации. Самиот уметник ги карактеризира своите цртежи како средства за восприемање и создавање простори.

читај повеќе

Пејзажите во цртежите ја отсликуваат околината на предметите и, врз основа на архивска визуелна меморија, го отвораат умот на набљудувачот кон територија што допрва треба да се открие. Мотивите - кратери, огромните трновити растенија и, најважно, диносаурусите што го истражуваат пејзажот, изгледаат како да потекнуваат од курс по историја на природата. Сепак, на природата на уметникот би ѝ било несвојствено директно да се повикува на одредени епохи, а камоли настани. Силниот натурализам што ги одредува формалните реализации на неговите позајмици од палеонтологијата не треба да се меша со љубов кон реализмот. Напротив, неверодостојната видливост на овој тип природа го остава невидливото да се открие.

Во денешното општество, диносаурусите и нивната околина ја преземаат улогата на симболи; тие претставуваат нескротена дивина, архаичен свет и непредвидлива природа и се во спротивност со начелото на мерливост што преовладува во сите сфери од денешниот живот. Делата на Жан-Паскал Флавиен нè поттикнуваат повторно да го откриеме неизмерливото и нè водат во свет за кој верувавме дека емоционално сме го напуштиле.

Хајке Мајер-Рипер, 2011
Превод: Волфганг Астелбауер

назад