Даглас Гордон
роден во 1966 година во Глазгов, Обединето Кралство; живее во Глазгов и Берлин, Германија

Психостопер, 1993
црно-бела фотографија
45,5 × 59,5 см
издание од 10
ЕВН аквизиција 1996, изложбена копија 2016
Инв. бр. 0018
Темите на Даглас Гордон се времето, меморијата и психолошките механизми на луѓето во однос на променливата општествена структура. Едно од неговите дела е „24 часа психо“, видео верзија на класикот на Хичкок, продолжена на 24 часа. Фотографијата „Психостопер“ (анг. - Psycho Hitchhiker) го прикажува уметникот како автостопира. Дестинацијата на неговиот знак е „Психо“. Повеќеслојна мрежа од асоцијации и референци - стоперот и Хичкок, друмските филмови и мотивот на стоперот, црно-белата фотографија и Б-филмовите од 60-тите, ја претвораат оваа едноставна фотографија во комплексна дестилација.