Д-р Галентин Гатев
роден во 1960 година во Тетевен, Бугарија; живее во Софија, Бугарија
Не допирај ме, 2013
6 модели на машини во кутии од плексиглас
секој со димензии 31 × 44,5 × 30,5 см
ЕВН аквизиција 2019
Инв. бр. 0407
Бледо зелена машина стои под стаклена витрина. Таа е модел. Всушност, ги има неколку. Идентични се, освен една што има отвор од страната. Изложени се работни маси што се потпираат на три тешки ногарки на подот. На предната страна може да се видат хоризонтални метални шини. Како и прилагодливите завртки, исто така вградени, тие се високо полирани. На левата страна има командна табла полна со мали индикаторски светла, а на десната, курбла што го активира држачот. Се работи за професионален струг, кој д-р Гатев, дерматолог и уметник, го репродуцирал како модел. Оваа серија дела се надоврзува на уметнички проект од комунистичката ера, кога Гатев презел една компанија за обработка на метал на еден ден како нејзин директор. Неговата наредба до вработените била да ги изработат сите работни делови, како што се завртки, навртки и други делови од алатки, од дрво. За еден ден, биле создадени неупотребливи (но уметнички вредни) копии. Д-р Гатев, кого во уметнички контекст го ословуваат и со неговата медицинска титула, ја нарекува серијата „Не допирај ме“ (лат. - Noli me tangere). Насловот е алузија на новозаветната средба меѓу Исус и Марија Магдалена, каде што таа се обидува да го допре воскреснатиот Господ, но тој ја отфрла. Како дерматолог, д-р Гатев е запознаен со чувствителноста и ранливоста на кожата. Во исто време, овие уреди за него симболизираат допирна точка меѓу неспоивото, а сепак интимното: точката на контакт „помеѓу психата и технологијата, помеѓу поединецот и мноштвото, енергијата и системот и, можеби, помеѓу Бога и мене“.читај повеќе
Томас Д. Трамер, 2019 година
Превод: Вирџинија Деленбау