Жан-Паскал Флавиен
роден во 1971 година во Ле Ман, Франција; живее во Берлин, Германија



Еден ден пред друг ден, март 2005, 2005
црвена креда на хартија
38,8 × 45,5 × 3 см (во рамка)
ЕВН аквизиција 2007
Инв. бр. 0167
Без ниво, март 2005, 2005
црвена креда на хартија
38,8 × 45,5 × 3 см (во рамка)
ЕВН аквизиција 2007
Инв. бр. 0168
Црвен моравец, јуни 2004, 2004
црвена креда на хартија
38,8 × 45,5 × 3 см (во рамка)
ЕВН аквизиција 2007
Инв. бр. 0169
Неспорниот сигнален ефект на црвената боја е исто така фасцинантен елемент во цртежите на Жан-Паскал Флавиен. Не би било доволно да се гледаат само како обични студии за неговите инсталации. Самиот уметник ги карактеризира своите цртежи како средства за восприемање и создавање простори. Пејзажите во цртежите ја отсликуваат околината на предметите и, врз основа на архивска визуелна меморија, го отвораат умот на набљудувачот кон територија што допрва треба да се открие. Мотивите - кратери, огромните трновити растенија и, најважно, диносаурусите што го истражуваат пејзажот, изгледаат како да потекнуваат од курс по историја на природата. Сепак, на природата на уметникот би ѝ било несвојствено директно да се повикува на одредени епохи, а камоли настани. Силниот натурализам што ги одредува формалните реализации на неговите позајмици од палеонтологијата не треба да се меша со љубов кон реализмот. Напротив, неверодостојната видливост на овој тип природа го остава невидливото да се открие. Во денешното општество, диносаурусите и нивната околина ја преземаат улогата на симболи; тие претставуваат нескротена дивина, архаичен свет и непредвидлива природа и се во спротивност со начелото на мерливост што преовладува во сите сфери од денешниот живот. Делата на Жан-Паскал Флавиен нè поттикнуваат повторно да го откриеме неизмерливото и нè водат во свет за кој верувавме дека емоционално сме го напуштиле.читај повеќе
Хајке Мајер-Рипер, 2011
Превод: Волфганг Астелбауер