Џаспер Списеро и Бани Роџерс

Џаспер Списеро, роден 1990 година во Јанктон, САД; живее и работи во Бруклин, САД Бани Роџерс, родена во 1990 година во Хјустон, САД; живее во Њујорк, САД

Куделка, 2013

чевли: кожа, челик и пластика; цвеќиња: оригами хартија; пеперутки: глазирана керамика уникатен примерок

вкупна висина: околу 85 см, променлива

уникатен примерок

ЕВН аквизиција 2015

Инв. бр. 0297

„Лудиот рак“ (ќелија 1 и 2) (анг. - Insane Cancer (cell 1 and 2)), „Сефови со модринки“ (А и Б) (анг. - Bruised Safes (А and B)) и „Куделка“ (ориг. – Koudelka) се дел од тековната соработка помеѓу уметниците Џаспер Списеро и Бани Роџерс, насловена како „Рендом хаус“ (анг. - Random House). За Списеро, проектот започна „со играње на првите видео хорор игри на преживување како што се ‘Сајлент хил’, ‘Клок тауер’, ‘Паразајт Ив’, ‘Куделка’, ‘Д Мирор лајд’ и ‘Џагернаут’. Во исто време додека ги играв овие игри, забележав дека моите омилени книги се претежно објавени од страна на издавачката куќа „Рендом хаус“. Оттаму, почнав да ја истражувам компанијата, поврзувајќи ги првите видео хорор игри на преживување и „ Рендом хаус “, барајќи датотеки со дигитален интерфејс за музички инструменти (MIDI) и собирајќи слики на интернет. На крајот, моето истражување доведе до приказна, скици за скулптура и саундтрак“.
Инсталацијата, која се состои од 3D печатени дрвја од алумид, јакна на девојче, фигурини од играчките „Лизгалиште во Шеќер град“ на фирмата „Прешес моментс“, подни сефови со шминка, стари лизгалки, во своите различни компоненти ја содржи тешката, вознемирувачка тензија по одреден настан. Секако, наративот и ефектот се значајни елементи на структурата на делото како мрежа на релации. Драматичното сценарио што ги поврзува различните предмети го напиша Списеро, како дел од проектот „Рендом хаус“. Во следниот извадок од „приказната“ на Списеро и Роџерс, секоја компонента станува дел од поврзана целина:

Преживувањето во овој случај е само прашање на перспектива.

– –

Сцена: Бојд плачејќи шета низ ходниците на „Рендом Хаус“. Ја испружува едната рака кон црниот мермерен ѕид. Тој е обложен со пепел. Неговите прсти оставаат траги како лизгалки.

Б: Кога те гледам, светот запира. Застанува и сè што постои за мене си ти и моите очи што те гледаат. Нема ништо друго. Ни бучава, ни други луѓе, ни вчера, ни утре. Постоиш само ти.

**** Бојд забрзува како да брка нешто.
Низ солзите, гледаме заматена форма како се тетерави додека се движи нанапред. Таа исчезнува во канцеларијата на Питалберг.

Текст: Ханс Улрих Обрист, 2015 година
Превод: Вирџинија Деленбау
назад