Сара Ортмаер
родена во 1980 година во Франкфурт на Мајна, Германија; живее во Виена, Австрија

Коко I, 2015
челик, пластика, алуминиум
околу 3 м
ЕВН аквизиција 2016
Инв. бр. 0308
Во 2015 и 2016 година, Сара Ортмаер ги изложи своите конфронтации со ескапизмот и алчноста на три одделни изложби во Њујорк, Париз и Виена. Делото „Палма“ во колекцијата на „ЕВН“ е од нејзината самостојна изложба „Рајот на Коко“ (анг. - Koko Paradise) во Белведере 21 во Виена. Лсијата, насликани во различни нијанси на сива боја, ги обработуваат темите на климатска катастрофа, економски ограничувања и зависности од таканаречениот „добар живот“ на начини кои се едноставни колку што се и привлечни. Копнежот на западниот свет по егзотика, кој со векови се канализира преку мотивот на палма, тука го наоѓа својот современ еквивалент.