Франц Капфер

роден 1971 година во Фирстенфелд, Австрија; живее во Виена, Австрија

бр. 1
бр. 2

Јас или Хаосот (нацрт бр. 1),, 2011

цртеж, врамен

35,5 × 52,4 × 3 см

ЕВН аквизиција 2018

Инв. бр. 0356

Јас или Хаосот (нацрт бр. 2),, 2011

цртеж, врамен

35,5 × 52,4 × 3 см

ЕВН аквизиција 2018

Инв. бр. 0357

Големата инсталација „Јас или хаосот“ (гер. - Ich oder das Chaos) (Инв. бр. 0312), создадена во 2018 година, е првото дело на Франц Капфер изложено во седиштето на „ЕВН“. Уметникот, роден во 1971 година во Фирстенфелд, во своите дела се занимава со симболи и структури на моќ. Појдовна точка на делото е орнаментиката од една од портите во Лувр. Поранешната кралска палата била отворена за јавноста како музеј во 1773 година и дополнително проширена за време на Наполеон Бонапарта. Франц Капфер ги пренесува наполеонските симболи (молња, пчели, орел, „N“) на панели од иверица и ги одвојува од зградата како орнаменти во нов контекст. Како знаци, тие ја разјаснуваат моќната визуелна претстава на Бонапарта.

Текст: Хајке Мајер-Рипер, 2018 година
Превод: Вирџинија Деленбау
назад