Глигор Стефанов
Роден 1956 во Скопје, Југославија (денес С. Македонија), живее во Виндсор, Онтарио, Канада

Грабење во просторот, 1985
Слама
МСУ Скопје
Глигор Стефанов е еден од најистакнатите македонски уметници од почетокот на 1980-тите. Уште по дипломирањето на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1981 година, уметникот ја третирал скулптурата како разработена инсталација од предмети. До средината на 1980-тите, изработил неколку инсталации и асемблажи од памук, слама, трева, глина и дрво, и во јавни и во галериски простори. „Грабење во просторот“ е едно од најзначајните дела од серијата „Змејови“ на уметникот (1984–1988). Неговите акумулирани линеарни елементи, направени од слама, претставуваат рака слична на канџа во движење. Започнато откако Глигор Стефанов магистрирал во Белград во 1985 година, делото за прв пат било прикажано како дел од неговата самостојна изложба во 1986 година во МСУ-Скопје. Успехот на изложбата и поддршката од МСУ-Скопје резултираа со тоа што уметникот беше избран за прв претставник на Павилјонот на независна Република Македонија на 45-тото Венециско биенале во 1993 година. МСУ-Скопје го купи делото во 1986 година, во време кога Глигор Стефанов брзо се искачуваше на југословенската уметничка сцена. Оттогаш, делото „Грабење во просторот“ редовно се прикажува на групни изложби.читај повеќе