Со доаѓањето на модернизмот, просторот се сведува на позадина, станувајќи неутрален, тивок, речиси невидлив. „Белата коцка“ беше обична сцена за уметност која се стреми да се ослободи од орнаменти и декор. Истовремено, во 20 век се појавија архитектонски изрази во стилот на павилјони со стаклени фасади кои дозволуваат погледите да се одвиваат, а ентериерот и екстериерот да се прелеваат еден во друг.
МСУ во Скопје како и седиштето на EVN во Марија Енцерсдорф во близина на Виена, Австрија ги делат таквите архитектонски карактеристики на модернизмот. За ходниците на австриската зграда од 1960-тите, беше развиен исклучителен концепт, започнат во 2018 година: уметниците беа ангажирани да создадат наменски дизајнирани тапети за разни ѕидови, создавајќи острови за изложби на избрани дела од корпоративната колекцијата. Таа постои од 1995 година, курирана е од Уметничкиот советодавен одбор и го става својот фокус на меѓународната современа уметност. За изложбата во 2026 година во МСУ во Скопјe, оваа поставка за прв е пренесена во поинаква средина. На приземјето на музејот поставени се мобилни ѕидови, со избрани тапети и уметнички дела од евн колекцијата, во комбинација со дела од колекцијата на МСУ. Тие го пробиваат не само планот на зградата, туку и модерната претстава за неутралност и објективност. Преклопните паравани се претставуваат во просторот како скулптури и истовремено, како носачи на слики. Тие се отвораат и затвораат, откриваат и прикриваат.
Ова создава транзиции наместо граници, дијалог наместо разграничување. Се среќаваат различни гласови, бои и текстури, времиња и начини на размислување. Некогаш строгата јасност се трансформира во лавиринт од впечатоци - повеќеслојни, отворени и во постојана промена.
„Тапети“ ги спојува уметничките дела од различно потекло. Темите, субјектите и уметничките ставови од неколку генерации се пресекуваат и се информираат, правејќи ја видлива универзалноста на уметноста и уметничкото производство.
Кураторски тим: Брижит Хак, Хајке Мајер-Рипер, Маркус Шинвалд, Томас Д. Трумер, Благоја Варошанец
Кураторска помош: Ива Димовски, Мартин Ембахер, Никола Мартиновски
Концепт за дизајн на изложбата: Маркус Шинвалд
Продукција и реализација: Мартин Ембахер, Лиси Зајнингер
Визуелизација на дизајни на тапети: Кристин Шмауцер
Организација: Наталија Мејанџиева, Никола Мартиновски
МСУ Скопје - графички дизајн: Албана Бектеш
Асистенција за евн колекцијата: Бенџамин Кос
Мобилни ѕидови: Монозеро ДООЕЛ-Скопје
Печатење: ИДЕА Плус 360° Комуникации